Kара Делевињ има кревет широк 3 метри, таван со огледала, столб за стриптиз… исто како во резиденцијата на „Плејбој“

Кара Делевињ, актерката во Suicide Squad – која е во врска со Ешли Бенсон, живее во Лос Анџелес заедно со својата сестра Попи Делевињ, а нејзините соби можат да се пофалат со звучноизолирани бункер-ѕидови за забави, платформа со огледала и црни кадифени слики на топлес жени.

Коментирајќи ги своите простории, таа рече „Наликува на плејбој-палатата со допир на уметничко деко, и по малку од дизајнот типичен за Дејвид Хикс. Сакав да го вратам концептот на сингл дом и да направам свој.“

Кара сака да ја дели куќата со својата сестра затоа што Лос Анџелес може да биде доста осамен. „Лос Анџелес може да биде осамено место. Навистина треба да се потрудите за да им се приближите на луѓето. Порано една од нас секогаш доаѓаше овде заради една или друга причина, а сега сме заедно. Да се биде со семејството едноставно има смисла“, вели таа.

 

Треба да знаете
Последни објави