Американската актерка, Моли Фицџералд (38) е уапсена синоќа кога полицијата открила дека ја убила својата мајка.
Актерката која глумеше во хитот „Капетан Америка“ ја избола мајка си со нож на 20 декември во Канзас Сити.
Таа е обвинета за убиство и е задржана во притвор.
Нејзината мајка ќе биде погребана утре, а сите ја опишуваат како мила личност која била подготвена да помогне секому, пренесуваат западните медиуми.
„Обожаваше спорт, беше тениски фанатик, но и страстен навивач на НБА клубот, Хјустон Рокетс“, сведочат луѓе кои ја познавале жената.
Не е познато кој е мотивот за убиството.
На интернационалниот сајт за филмски податоци, „ИМДБ“ се наведува дека Фицџералд била актерка, директорка и продуцентка.