Владата на Италија е на работ на колапс

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја разгледува можноста за пропаѓање на неговата втора коалициска влада уште овој месец, објави „Блумберг“, наведувајќи шест различни пречки со кои се соочува политичарот овој јануари.

Конте моментно е шеф на коалициската влада на Движењето Пет Ѕвезди на Луиџи ди Мајо (М5С) и Демократската партија од  левиот центар, но алијансата не се смета за силна заради повеќе предизвици. Меѓу нив се предлогот на М5С за измени во правосудниот систем, на кој се спротивставуваат демократите, несогласувањата околу предложениот референдум, претстојното гласање во Сенатот за да се донесе одлука за судбината на поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини и други прашања.

М5С сега повикува на промена на статутот на ограничувања на Италија за промена на правилата за застареност на делата  за претерано долгите судења, но на ова се спротивставуваат демократите и уште една мала партија, „Итали алајв“ на поранешниот премиер Матео Ренци, кој вети дека со опозицијата дека ќе се спротивстави на иницијативата на Пет Ѕвезди.

Додека опозициската партија Лига во моментот води во анкетите на јавното мислење во Италија, нејзиниот шеф Матео Салвини се соочува со прогон бидејќи во јули, за време на неговиот мандат како министер за внатрешни работи, не дозволи спасувачки брод со мигранти да се вкотви во земјата, инцидент што се смета за друг дестабилизирачки проблем за италијанската влада.

Првиот кабинет на Конте беше формиран помеѓу М5С и десничарската Лига во јуни 2018 година, но алијансата се распадна по гласањето недоверба за Лига во август. Конте поднесе оставка по овој потег, но во септември беше назначен да ја предводи втората коалициска влада помеѓу М5С и централнолевичарската Демократска партија. Тој неодамна изрази желба да почне преговори за нова владина програма што потенцијално би можела да му донесе мандат до 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави