Претседателот на Србија, Александар Вучиќ како што се наведува, со благослов на патријархот Иринеј, Бадник ќе го прослави со Србите и православните верници на северот на Црна Гора, наведуваат српските медиуми.
Според „Блиц“ српскиот претседател ќе присуствува на Бадник и со тоа „уште еднаш ќе укаже на единството на српскиот народ и зачувувањето на српските светилишта и српската црква“.
Андрија Мандиќ, еден од лидерите на Демократскиот фронт, вели дека нема информација за доаѓање на Вучиќ во Црна Гора.
– Ако е тоа точно, тоа би бил голем ден за Србите во Црна Гора и сигурно за севкупното српско единство. Тоа би била силна и моќна порака за нас Србите да останеме овде, порака за црквата и големо охрабрување за нас Србите, вели тој.
Од кабинетот на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ објавија дека нема официјални информации за доаѓањето на српскиот претседател.
– Немаме официјално соопштение за приватното пристигнување на српскиот претседател Александар Вучиќ во Црна Гора. Според тоа, засега немаме коментар, информираа од ПР службата на претседателот на Црна Гора.