Али Хамнеи назначи нов командант на единиците Кудс

Врховниот водач нa Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го назначи бригадниот генерал Есмаил Гани за нов командант на елитните ирански единици Кудс по убиството на Касим Сулејмани.

Гани беше заменик на Сулејмани, кој загина во американскиот напад во Ирак.

Хамнеи во изјавата рече дека програмата за единиците Кудс нема да се менува во однос на времето на неговиот претходник.

Гани стана заменик командант на единицата Кудс во 1997 година кога Сулејмани стана нејзин главен командант.

Треба да знаете
Последни објави