Амбасадорот на Србија повикан на разговор во МНР на Црна Гора

Амбасадорот на Србија во Подгорица, Владимир Божовиќ денеска е повикан на разговор во црногорското Министерство за надворешни работи, кое го осуди синоќешниот обид за палење на знамето на Црна Гора пред Амбасадата во Белград.

– Нападот врз Амбасадата и државните симболи на соседна и пријателска земја и членка на НАТО, а всушност непопречен националистички пир, апсолутно е неприфатливо. Иако нападот врз Амбасадата беше најавен пред два дена и траеше повеќе од еден час, неразбирливо е како безбедносните органи на Србија не презедоа речиси ништо да ги оневозможат пиротехничките оргии и нападот врз државните симболи на Црна Гора, се наведува во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува и дека земјата на прием има обврска да обезбеди нормално функционирање и безнедност на дипломатско-конзуларни претставништва на други држави и да спречи инциденти кои можат негативно да влијаат врз билатералните односи на двете земји.

Треба да знаете
Последни објави