Шведскиот фудбалски интернационалец со македонско потекло Дејан Кулушевски не крие дека воопшто не размислувал двапати дали да му пристапи на повќекратниот италјански првак Јувантус кој го откупи неговиот договор за 35 милиони евра.
-Јувентус е еден од најголемите клубови во светот. Секој кога почнува да игра фудбал посакува да биде дел од големите тимови. Сите би сакале да играат за Јувентус. Кога се појави шансата да потпишам за Јуве, не размислив два пати, вели младиот 19 годишен несуден македонски репрезентативец Калушевски по договорот кој го потпиша со „старата дама“..
Швеѓанецот иако потпшиша со Јувентус, до крајот на сезоната ќе остане во редовите на калчолигашот Парма каде настапува како позајмен играч од Аталанта, а потоа се сели во Торино.
-Играм за да победам. Па доколку мислам дека е подобро да шутнам, ќе го сторам тоа. Доколку видам соиграч кој е во подобра позиција од мене да постигне гол, ќе му ја додадам топката, бидејќи головите и асистенциите не се бројат, само победите се важни, вели играчот од средниот ред.
Кулушевски е среќен што ќе остане во Парма да ја доигра сезоната, каде на 19 меча од Серија А има постигнато четири гола и оставари седум асистенции.
-Парма стана мој дом, таму сум шест месеци и се чувствувам како дома. Моите соиграчи ми помагаат секој ден, тренерот ми помага од првиот ден, среќен сум што имам некој кој верува во мене, додава новиот игерач на Јувентус.