Ѓорѓе Милошевиќ, го предводеше македонскиот претставник МЗТ Скопје во регионалната кошаркарска АБА2 лига до триумфот по двете продолженија на гостувањето кај Рогашка (90-83). Српскиот интернационалец постигна 30 поени, а оствари и 12 скока и три асистенции, со што собра 39 индексни поени, што му го донесоа признанието МВП на колот. За Милошевиќ ова е второ вакво признание, откако беше прогласен за МВП и пред две кола по триумфот на скопјани на гостувањето кај Слобода Тузла.
Од редовите на МЗТ Скопје, ова е петти пат да биде промовиран играчот на колото. Покрај Милошевиќ на двапати таа чест ја имаа и Нуни Омот во првото, Џабари Хиндс во второто и Дамјан Стојановски во третото коло.