Фотографии и видеа се објавени на социјални медиуми на кои е прикажана наводното место на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.
Командантот на Иранската револуционерна гарда е убиен утрово во американски воздушен напад. На снимките се прикажани остатоци од автомобил во кој се наоѓал тој заедно со соработници кои во конвој заминувале од аеродромот во Багдад.
Footage of the car that #Iran's Qasem Soleimani was traveling with when attacked. pic.twitter.com/sR92uksZBc
— Abas Aslani (@AbasAslani) January 3, 2020
Фотографиите ги објави Кабинетот на ирачкиот премиер.
Пентагон потврди дека Сулејмани е убиен во близина на аеродромот во Багдад „по наредба на претседателот” Доналд Трамп, за да се заштитат американските трупи во странство.