Вашингтон е посветен на „деескалацијата” откако во американски напад во Багдад беше убиен Касем Сулејмани, архитектот на растечкото влијание на иранската војска на Блискиот исток, соопшти денеска американскиот државен сектерар Мајк Помпео.
Помпео на Твитер напиша дека разговарал со шефот на британската дипломатија Диминик Раб и највисокиот кинески дипломат Ванг Ји за американската одлука да се елиминира Сулејмани, кој беше командант на елитната иранска едница Кудс, јавија британските медијми.
Сулејмани беше убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.