Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на 101 седница дебатираа за Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во второ читање.
Беа разгледуваа вкупно 26 амандмани, главно од техничка приорода. Од нив 16 беа поднесени од пратеници Зекир Рамчиловиќ, Ферид Мухиќ и Јусуф Хасани, како и од опозицијата.
По ова, претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски даде пауза поради тоа што е предвидена пленарна седница. Останува членовите да ја разгледаат само Националната стартегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година.
Кирацовски образложи дека нема да гласаат за Националната стартегија, туку само ќе ја разгледаат. Тој посочи дека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е само заинтересирано работно тело, а не е матично тело за ова прашање. Собраниската Комисија за култура, како што рече, е на некој начин внатрешно работно тело, но поради извесни административни причини или нефункционирање, решивме ние да ја прифатиме.
Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка посочи дека Националната стратегија заслужува поголемо внимание. Информира дека материјалот го добиле доцна, немале време да го прочитаат, да го разгледаат и додаде оти не му се дава доволно значење на документот.
– Овој документ не заслужува ваков третман, рече Илиоски.