Во Иран е прогласена тродневна жалост поради смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
По убиството, дестици илјади луѓе ги преплавија улиците на Техеран за да протестираат против САД.
Бројните учесници на протестите носеа негови фотографии, а неколкумина го запалија американското знаме, јави „Си-ен-ен“.
Сулејмани беше командант на иранската елитна единица Кудс. Тој беше убиен утрово во напад организиран од САД на аеродромот во Багдад.