Актуелниот европски и светски клупски фудбалски првак Ливерпул, кој сезонава е лидер во англискиот шампионат е на добар пат по 30 годиишен пост да ја освои и титулата во Премиерлигата. „Црвените“ од „Енфилд“ по триумфот над Шефилд (2-0) веќе една година немаат пораз во премиерлигашката конкуренција.
Ваквите добри резултати тренерот Јирген Клоп вели дека се плод на добрата атмосфера во соблекувалната каде честитиките на родендените од играчите германскиот стартег бара секој да ги пеее на сопствениот мајчин јазик. Па така во соблекувалната на Ливерпул песмата „среќен роденден“ се пеее на 12 јазици !