Гутереш загрижен поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток

– Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази загриженост поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток.

– Генералниот секретар доследно се заложи за намалување на тензиите во Персискиот Залив, се вели во соопштението на неговиот портпарол Фархан Хак, кој додава дека Гутереш е „длабоко загрижен поради неодамнешната ескалација”.

Ова е момент кога водачите треба да искажат максимална воздржаност, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека светот не може да си дозволи уште една војна во Заливот.

Треба да знаете
Последни објави