– Неколку часа по неговото претставување како фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го одигра и првиот натпревар за екипата по неговото враќање.
За едно полувреме на теренот попладнево, 38-годишниот напаѓач постигна гол и асистенција во победата од 9:0 над аматерите на Роденезе во контролна, одиграна во базата на „росонерите”. Швеѓанецот реализираше за 3-0 и му асистираше на Хакан Чалханолу за неговиот гол.
Милан играше во шема 4-3-3 со Ибра на врвот на нападот. Чалханоглу и Сусо делуваа по крилните позиции. Тренерот Стефано Пиоли се обложи на цел нов состав за вториот дел од контролната.
Златан веројатно ќе биде носител и за мечот со Сампдорија во понеделник.