Израелските власти на итен состанок по убиството на генералот Сулејмани

Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање, на којшто ќе стане збор за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак. Тоа го објавија израелски медиуми.

На состанокот ќе учествува и шефот на израелскиот Генералштабот на армијатаАвив Кохави.

Медиумите јавуваат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да ја скрати посетата на Грција и да се врати во својата татковина.

Во меѓувреме, израелската армија одлучи да ја затвори за туристи планината Хермон.

Треба да знаете
Последни објави