– Фатмир Веапи, иселеник од земјава во Германија, по повод новогодишните празници додели донација во парични средства и пакетчиња за сите штитеници од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври”.
Како што соопшти Агенцијата за иселеништво, Веапи за празниците ја посети својата родна земја и на Јавната установа, Домот „11 Октомври” им ја врачи донацијата.
Фатмир Веапи, заедно со директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов се сретнаа и со директорката на Домот „11 Октомври” Соња Стамева.