Маж нападна со нож повеќе луѓе во Париз, полицијата го уби

Француската полиција ликвидира непознат маж, кој се обидел да прободе со нож повеќе луѓе во Париз. Според неофицијални информации, повредени се три лица.

Нападот се случил во парк во јужниот дел на градот непосредно пред 14 часот, а полицијата веднаш одговорила и го убила напаѓачот.

Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.

Треба да знаете
Последни објави