Познатата актерска двојка Мајкл Даглас (75) и Кетрин Зита-Џонс (50) ги прославија празниците во кругот на семејството, со синот Дилан (19) и ќерката Керис (16) во Африка.
Дилан и Керис ретко се гледаат поради факултетските обврски, па заедничките моменти во нивното семејството се многу драгоцени.
На идиличното патување во Африка тие го посетија и Националниот парк Серенџети во Танзанија, каде што наследниците на актерската двојка заиграа традиционален африкански танц.
Кетрин Зита и Мајкл уживаат во својата љубов и не кријат дека се среќни што се заедно.