Мицевски: Македонија повторно ќе биде предводена од власта која што народот ќе ја одбере

Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободи од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт што ја имала до сега. Денес е денот, кога Македонија ќе се ослободи од премиер на кој што лагата му е второ име. Премиер кој што од државата направи криминално дувло, држава која што не функционира во ниту една сфера, порача од говорницата во Собранието Никола Мицевски, координаторото на паратеничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Пред само 2 години, 7 месеци и 4 дена, Зоран Заев и неговите соработници кои денес се министри, функционери, градоначалници, ветуваа мед и млеко на македонските граѓани односно ветуваа „живот“ во Македонија. Еве сме 2 години, 7 месеци и 4 дена подоцна, но од нивните ветувања немаме апсолутно ништо. Има една добра работа, а тоа е дека денес и ова 2020 година времето на Зоран Заев и СДСМ поминува. Дојде крајот на поразите и срамот кој што овој човек им го приреди.

Денес Зоран Заев поднесува оставка и истата не сака ниту да ја образложи, со што докажува дека и тој е свесен за штетата која што и ја нанесе на  Република Македонија.

Доаѓа време кога Македонија повторно ќе биде предводена од власта која што народот ќе ја одбере. Доаѓа време кога македонскиот народ ќе одлучи дека не сака повеќе криминалци, корумпирани и неспособни политичари. Туку одговорни и посветени политичари кои ќе стојат гордо борејќи се за националните интереси и интересите на македонскиот народ.

Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми. Падна Катица, падна Заев а на 12 април паѓа и СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави