Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека моќниот ирански генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, планирал напад врз САД и дека Трамп имал право да се брани.
„Сулејмани планирал напади врз Американците, САД имаат целосно право на самоодбрана“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху изјави дека Израел е со Соединетите Држави.