Осуммина мигранти се удавија кај западниот брег на Турција

Најмалку осум лица загинаа откако потона брод со 15 мигранти кај западниот брег на Турција, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу настраданите има и три жени.

Бродот потона во близина на провинцијата Мугла.

Во тек  е потрага по исчезнатите мигранти во која учествуваат крајбрежната стража, хеликоптер и авион, како и тим нуркачи, соопшти Министерството.

Треба да знаете
Последни објави