Сулејмани идентификуван според прстенот што го носел

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој беше убиен во американскиот воздушен напад во Ирак, е идентификуван според прстенот на раката бидејќи неговото тело било разнесено, изјави ирачки политичар за АП.

Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот со беспилотно летало се случил недалеку од карго-зоната на аеродромот, откако Сулејмани излегол од авионот и им се придружил на Абу Махди ал-Мухандис, командант на проиранските ирачки сили ПМФ и на други во автомобилот.

Двајца официјални претставници на ПМФ  тврдат дека телото на Сулејмани било распарчено во експлозијата и дека не го пронашле телото на Ал-Мухандис.

Седум други лица загинаа во конвојот, меѓу кои и зетот на Сулејмани, пренесува „Билд“.

Треба да знаете
Последни објави