Турските власти вратиja 150 странски борци затворени поради врски со екстремистичките групи откако Анкара започна програма за враќање на затворениците на 11 ноември, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли.
Турција, во која има стотици осомничени дека се припадници на Исламска држава, го започна процесот на враќање на затворениците, и покрај повиците на некои европски земји дека на осомничените треба да им се суди таму каде што ги извршиле злосторствата, пренесе „Ројтерс“.