Далас без поголеми проблеми стигна до 22-та победа во НБА лигата по триумфот над Бруклин нетс со 123:111. Маверикс предводени од извонредниот Лука Дончиќ кој мечот го заврши со дабл дабл од 31 поен и 13 скока, а имаше и 7 асистенции, лесно ја прекинаа мини-серијата од два порази против десеткуваниот состав на Нетс.
Oд вкупно 31 поен, Дончиќ дури 15 ги реализира во последната четвртина и се погрижи за победата да остане во Далас. Втор најефикасен кај Далас беше Кари со 25 поени, 2 скока и 1 асистенција. Кај Бруклин Динвиди стигна до 19 поени, 2 скока и 5 асистенции.
Екипата на Дeнвер славеше против Индијана на гостински терен со резултат 124:116.
Никола Јокиќ уфрли 22 поени и додаде седум скокови. Интересно е што за прв пат од 2017 Јокиќ заврши натпревар без ниту една асистенција.
Торонто репторс загуби на гостувањето кај Мајами хит со 84:76. Ова е најслаба партија на шампионот според учинок во оваа сезона, на Рептилите очигледно им недостасуваше напаѓачкиот потенцијал од Паскал Сиакам, но пораз во Флорида се очекуваше ако се знае дека Мајами сезонава има само еден пораз на домашен терен.
Адебајо со 15 поени беше најефикасен играч од составот на Жешките, додека на Торонто не му помогна двојниот учинок на Ибака од 19 поени и 10 скока.
Кливленд – Шарлот 106:109
Чикаго – Јута 98:102
Минесота – Голден Стејт 99:84
Сан Антонио – Оклахома 103:109
Сакраменто – Мемфис 128:123