Поп-ѕвездата, кој во септември се ожени со манекенката Хејли Болдвин, месецов на Јутјуб ќе објави документарен филм во 10 продолженија.
Серијалот насловен Justin Bieber: Seasons ќе започне на видеоплатформата на 27 јануари. Во меѓувреме тој го привршува долго-очекувантиот албум, прв по пауза од четири години. Во 2017 година, Џастин ги шокираше фановите со откажување на неговата светска турнеја.
Документарецот ќе им овозможи на фановите да погледнат во личниот живот на Џастин со никогаш претходно видена интимна снимка од неговата венчавка.
Во изјавата се вели: „Филмот е сиров, моќен и интимен поглед на процесот на создавање музика и мотивација за новиот албум раскажан низ објективот на неговите најблиски пријатели, соработници и самиот Бибер“.
Џастин (25) и Хејли (23) се венчаа во септември 2018 година. Сите нивни пријатели и семејството присуствуваа на раскошната свадба во Јужна Каролина.
Филмот ги бележи моменти од приватниот живот на хитмејкерот во 10,000 часови, откако за прв пат ја започна својата музичка кариера објавувајќи домашни видеа од него како пее на видеоплатформата.
Подоцна го открил менаџерот за таленти Скутер Браун и му бил понуден првиот договор за снимање со Исланд Деф Џем кога имал 15 години.
“Кога започнав, ЈуТјуб ми обезбеди платформа и заедница каде можам да споделам музика, искуства и моменти со моите обожаватели. Убаво е чувството да бидеш партнер со YouTube за оваа оригинална серија документарци. Сакам моите фанови да бидат дел од ова патување,“ вели пејачот.
Џастин денес (3 јануари) треба да го објави својот нов сингл Yummy, а во мај тргнува на турнеја низ Северна Америка.