Бах: Остро се спротивставуваме на растечката политизација на спортот

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах во своето новогодишно обраќање рече дека политизацијата на спортот ја смета за недозволива.

Тој посочи дека остро се спротивставува на зголемената политизација на спортот затоа што тоа пречи во нивната мисија – обединување на светот.

– Можеме да ја исполниме нашата мисија да го обединиме светот само во случај Олимписките игри да бидат над какви било политички несогласувања. Тоа можеме да го постигнеме само ако Игрите се политички неутрални. Олимпијадата е глобална платформа за спортисти. Игрите не се, и никогаш не треба да бидат, место за политичка или друга потенцијално контроверзна цел. Како што ни раскажува историјата, ваквата политизација на спортот нема никаков ефект и на крај ги задлабочува постојните поделби, посочува Бах во своето новогодишно обраќање.

Треба да знаете
Последни објави