Курзава се предложи на Јувентус

 – Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Леивин Курзава сака да го напушти Париз во текот на зимскиот преоден рок. Тој е подготвен да отвори нова страница во својата кариера, а Италија е потенцијална дестинација. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Курзава се предложил на Јувентус.

Дефанзивецот знае дека односот меѓу Парижаните и „старата дама” е одличен и се надева дека ќе му се придружи на Јувентус во текот на летото кога истекува неговиот договор со ПСЖ. Како и да е, спортскиот директор на „бјанконерите”, Фабио Патаричи има други планови и според него левото крило на одбраната е стабилно, откако тимот на таа позиција ги има Алекс Сандро и Матијас Де Шилио.

Во иднина, Јувентус, исто така, планира да се потпира на Лука Пелегрини, кој е на позајмица во Каљари, на позицијата лев бек. Затоа, трансферот на Курзава во италијанскиот шампион за момент се чини прилично невозможен.

Треба да знаете
Последни објави