Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, се огласи по протестите на навивачите на Црвена звезда пред амбасада на неговата земја во Белград и запаленото државно знаме.
-Синоќа во Белград се случи уште еден нецивилизациски напад врз црногорската амбасада и црногорското знаме. Ставот на српските власти е неверојатен. Црна Гора повторно се соочува со предизвик за одбрана на независност и слобода. Ние ќе ја зачуваме нашата Црна Гора и покрај омразата што ја зафатија истите актери во и надвор од нејзините граници“, напиша Марковиќ на Твитер, пренесе РТЦГ.
Српските навивачи синоќа протестираа поради усвојувањето на Законот за верска слобода и употребуваа пиротехника.