Милошевиќ кој го предводеше МЗТ Скопје до триумфот кај Рогашка прогласен за МВП на колото

Ѓорѓе Милошевиќ, го предводеше македонскиот претставник МЗТ Скопје во регионалната кошаркарска АБА2 лига до триумфот по двете продолженија на гостувањето кај Рогашка (90-83).  Српскиот интернационалец постигна 30 поени, а оствари и 12 скока и три асистенции, со што собра 39 индексни поени, што му го донесоа признанието МВП на колот.  За Милошевиќ ова е второ вакво признание, откако беше  прогласен за МВП и пред две кола по триумфот на скопјани на гостувањето кај Слобода Тузла.

Од редовите на МЗТ Скопје, ова е петти пат да биде промовиран играчот на колото. Покрај Милошевиќ на двапати таа чест ја имаа и Нуни Омот во првото, Џабари Хиндс во второто и Дамјан Стојановски во третото коло.

Треба да знаете
Последни објави