Најмалку 43 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Бројот на загинати во поплавите во Индонезија се искачи на 43, откако спасувачите пронајдоа најмалку десет човечки тела кога водата се повлече, соопштија денеска официјалните лица.

Најмалку 182 населби се уништени во главниот град Џакарта по силните поплави предизвикани од монсунските дождови.

Водата некаде се искачила до шест метри.

Тоа е најголемата поплава во Индонезија од 2013 година, кога загинаа 57 лица.

Околу 397.000 луѓе побарале помош во засолништата низ градот.

Водата се повлекла во делови од градот, така што луѓето можеле да се вратат дома, а властите им помагале во расчистувањето на калта и предметите што ги донела поплавата.

Исклучената електрична енергија е вратена во десетици илјади домови и продавници.

Овие поплави исто така фрлија светлина врз лошата инфраструктура во Индонезија.

Џакарта, која е дом на 10 милиони луѓе, е склона на земјотреси и поплави, а тлото сè повеќе тоне како резултат на неконтролирана експлоатација на подземните води.

Треба да знаете
Последни објави