Режим никогаш повеќе, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат нов пораз од граѓаните

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во изолација, автократија и криминален режим. Таквото зло веќе никогаш нема да се повтори.

За само две и пол години, преку одговорни политики СДСМ ја вбрати слободата и демократијата, а државата повторно е на евоатлантскиот курс како извесна 30 земја членка на НАТО.

Преку успешните политики во економијата се обезбеди стабилен економски раст, нови работни места и повисоки плати во сите сектори.

Денес, парите наместо во белиот дворец завршуваат кај граѓаните.

Се што ВМРО-ДПМНЕ е обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата, конфликтите и поделбите.Со таква понуда Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат нов убедлив пораз на изборите на 12 април.

Зоран Заев е политичар со убедливо најголема доверба кај граѓаните и по 12 април, со чист 4 годишен мандат, ќе ја предводи Владата, државата, напредокот.

Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и одлучно ќе порачаат: режим – никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави