Се урна зграда во изградба во Камбоџа, се трага по работниците

Најмалку десетина работници беа заробени во урнатините на зградата во изградба што се урна во јужниот дел на Камбоџа, соопшти денеска полицијата.

Седумкатна зграда во провинцијата Кеп се урна додека внатре беа околу 20 работници, од кои некои беа на пауза, изјави еден провинциски полицаец, пренесува АП.

Пет повредени работници се извлечени од урнатините, а во тек е потрага по другите, рече тој.

На веб-страницата на Националната полиција е наведено дека некои од оние за кои се верува дека се заробени во урнатините биле на пауза во зградата.

Треба да знаете
Последни објави