Трамп се огласи по убиството на Сулејмани

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се огласи на „Твитер“ откако силите на САД го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани во воздушен напад во Багдад, Ирак.

„Иран никогаш не победил во војна, но никогаш не изгубил во преговори“, напиша Трамп.

Сулејмани, кој ги предводеше иранските воени операции во Ирак и Сирија, загина во напад во близина на аеродромот во Багдад. Убиен е и неговиот близок соработник Абу Махди ал Мухандес.

Неколку минути пред официјално соопштение од Белата куќа за смртта на Сулејмани, Трамп на „Твитер“ објави фотографија од американското знаме, без текст.

Иран ја потврди смртта на Сулејмани и наведе дека САД ќе одговораат за последиците и дека ги очекува освета.

Треба да знаете
Последни објави