На редовниот состанок на Централното претседателство на Алијансата за Албанците, меѓу најважните точки беше и изборот за Претседател на Централниот штаб на Алијансата за Албанците за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година.
Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Д-р Арбен Таравари беше едногласно избран од членовите на централното претседателство. Таравари во неговиот говор увери дека во овој пат штабот на АА, со сите локални штабови и политичка активност, ќе обезбеди и ќе гарантира убедлива победа на Алијансата за Албанците на изборите на 12 април 2020 година.