Владата ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година

дина со неколку точки на дневен ред.

На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија.

Седницата на Владата на Република Северна Македонија се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави