ВМРО-ДПМНЕ: Три години граѓаните ја плаќаат цената на економска катастрофа испорачана од криминалната власт на СДСМ

3 години македонските граѓани ја живеат суровата реалност олицетворена во владењеето на Зоран Заев. Три години граѓаните ја плаќаат цената на економска катастрофа испорачана од криминалната власт на СДСМ.

Додека криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев ги полнеше џебовите со парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови, нашите сограѓани едвај го преживуваа месецот. 500 илјади граѓани денот го поминуваа со само еден оброк.

Домашните како и странските инвеститори и дадоа црвен картон на Владата на Заев. Домашните бизнисмени, 2019-та која Зоран Заев ја најави како економската година, ја прогласија за една од најлошите во историјата на независна Македонија. Тие се соочија со проблеми со ликвидноста на своите компании. Германските инвеститори во 2018-та година ја оценија владата на Заев со нула, а ваквата оценка се потврди со катастрофалното ниво на странски директни инвестиции во 2019-та година.

Неконтролираното задолжување енормно го зголеми долгот на државата кој треба да го плаќаат македонските граѓани со децении. Капиталните инвестиции беа најниски во историјата. Власта на Заев немаше ниту еден свој капитален проект со кој можеше да се пофали.

За среќа крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда е близу, 12 април е датумот кога завршува неговата политичка кариера и следува одговорност за штетата која тој и ја нанесе на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави