НАТО ја прекинува обуката на ирачките сили поради безбедносни закани

НАТО ја суспендираше мисијата за обуки во Ирак, откако во американски воздушен нашад на аеродром во Багдад, беше убиен иранскиот генерал, Касим Сулејмани, соопшти портпаролот на Алијансата, Дилан Вајт.

„Безбедноста на нашите луѓе во Ирак е најважна“, наведе Вајт.

Тој нагласи дека НАТО продолжува да ги презема сите неопходни мерки на претпазливост.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, додаде портапролот.

Бројот на војниците кои се дел од мисијата на НАТО во Ирак е околу 500 лица.

Треба да знаете
Последни објави