Трагедија во Осијек: Тројца млади загинаа, „бмв-то“ по ударот во дрво се преполовило

Две момчиња и девојка загинаа, а уште една девојка е тешко повредена утрово во Осијек кога автомобилот „БМВ“ во кој се возеле излетал од патот и удрил во дрво.

Починатите момчиња се на возраст од 20 и 24 години, девојката имала 25, а повредената има 21 година. Четворицата околу 4.30 часот се враќале од турбо-фолк забава

Ударот бил толку силен што моторот излетал од хаубата, а автомобилот е речиси преполовен. Делови од „бмв-то“ беа расфрлани по патот и ливадите, десетици метри од местото на несреќата.

Според првичните информации, возачот бил без возачка дозвола, а и претходно бил евидентиран во полицијата за предизвикани сообраќајки. Причина заа нессреќата е пребрзото возење на лизгавиот коловоз.

Треба да знаете
Последни објави