Протести се случија во 70 градови во САД поради нападите на американските сили во Ирак, во кои загина иранскиот генерал Касим Сулејмани и ескалираше американско-иранската криза.
Демонстрациите ги предводи Коалицијата Одговор, антивоена организација формирана по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
Во Вашингтон протестот се одржува во паркот наспроти Белата Куќа, од каде демонстрантите ја повикаа владата да го напушти Блискиот исток, јавува Си-Ен-Ен.