Директорот на хрватската болница се извини за случајот со првороденото бебе

Откако медиумите објавија дека болницата во Чаковец, Хрватска, криела дека ромско дете е првороденче оваа година, пристигна извинување од директорот на болницата.

Тој тврди дека станува збор за ненамерна грешка.

Директорот на болницата во Чаковец, Томислав Новиншчак изјави дека се случила грешка во комуникацијата, односно од  болница дале погрешна информација за тоа кое бебе прво се родило во 2020 година.

„Многу ми е жал како директор, што се случи таква грешка. Болничкиот и здравствениот систем се многу големи и тие можат да преземат одговорност за сè, но тука не се работи за дискриминација. Секојдневно се грижиме за сите наши жители и многу ми е жал за тоа што се случи. Мислам дека е човечки да се прават грешки и да се случуваат грешки, но исто така и да се извините, како што направивме “, изјави тој за хрватскиот „Н1“.

Директорот рече дека разговарал со мајката и таа покажала разбрирање.

Треба да знаете
Последни објави