Заев во семејно интервју: Благодарен сум на Зорица и на децата затоа што имаат разбирање за мојата функција

Експремиерот Зоран Заев во предновогодишно семејно интервју за 24 Телевизија одговараше на сите новинарски прашања.

Јас сум благодарен и на Зорица и на децата затоа што имаат разбирање за мојата функција, јас живеам и спијам во премиерската вила уште неколку денови, нормално со завршување на функцијата ќе ја напуштам. Зорица доаѓа на сите дипломатски настани, на концерти, на театар, секогаш кога треба да се појавиме задно.

Драго ми е што е вклучена и во социјалниот и во општествениот живот, помага во хуманитарни активности и слично. Сакам да кажам дека и некој од внатрешноста може да е премиер. Јас живеам во оваа куќа, доле на приземјето се мајка ми и татко ми кој доста помагаат и се трудат околку семејството, под нас на спратот се брат ми и снаата со децата, сите сме во една целина.

Треба да знаете
Последни објави