Берберот од Малча се сретнал „очи в очи“ со соселанец и побегнал во потрага по храна

Потрагата по „Берберот од Малча“ Нинослав Јовановиќ, која ја води српската полиција повеќе од две недели  во поширокиот источен регион на земјата продолжува. Од денеска обрачот во кој се трага „Берберот од Малча“ се стеснува, откако негов соселанец пријавил дека имал ненадејна  средба „очи в очи“ со бараната личност. Јовановиќ најверојатно ја напуштил старата куќа во која бил засолнет во потрага по храна, пренесуваат српските медиуми.

– Беше извалкан и растрган. Изгледаше доста изнемоштено. Облечен е во сива јакна – им изјавил човекот кој го видел „Берберот“.

Полицијата го стега обрачот и ја засилува потрагата по човекот кој ја киднапира 12 годишната Моника Каримановиќ и по деветневно заедничко бекство криејќи се од полицијата ја ослободи, но тој не и се предаде. Според сознанијата на полициските службеници бараниот Јовановиќ е науружан со огнено оружје и тврд предмет, за што се предупредуваат граѓаните од тој регион да бидат претпазливи при средбите со него и веднаш да пријават доколку го забележат.

 

Треба да знаете
Последни објави