Пукано во двајца обезбедувачи во обложувалница во ,,Топанско Поле”

Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски” било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје. Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада”, со пиштол испукало неколку проектили кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави