Со политиките на СДСМ, 2019 година беше година на огромни успеси во здравството, година на раст на плати, обезбедување на нова опрема во болниците и подобри услови во јавните здравствени установи се вели во соопштението од владеачката партија
-Од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати, а со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници благодарение токму на СДСМ.
Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, преку грижата и реформите на СДСМ, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките, додека на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.
Како одговорна политичка партија, СДСМ го мотивира медицинскиот персонал да биде среќен и исполнет во својата професија, поради тоа што само задоволни лекари и медицински сестри може да значат задоволни пациенти.
Се зајакнува здравствениот систем во нашата држава преку вистински здравствени политики.