Трипуновски: Минатата година за првпат не е порибено Охридското Езеро

Согласно моите активности сум во охридско и најнапред сакам на сите граѓани да им го честитам празникот Св. Наум, да посакам среќа, здравје и успех во нареднава година, порача Цветан Трипуновски, заменик-министерот во МЗШВ од техничката влада.

-Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година за прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде.

Исто ака во разговорите и информациите кои што ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ.

Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија.

Оттука заминувам во Ресен каде што ќе имам средба со јаболко производителите, со овоштарите и ќе разговараме за актуелните проблеми кои што ги имаат и оние проблеми кои што ги имаа изминатиот период.

Треба да знаете
Последни објави