Нинослав Јовановиќ, познат како „Берберот од Малча“ по кого трагаше полицијата во Србија повеќе од две недели попладенво е уапсен во близина на селските гробишта во неговото родно село Малча во околината на Ниш. Гробиштата каде е фатен се наоѓаат на 250 метри од неговата родна куќа, а патот кој води кон нив се наоѓа на само 20 метри од дворот каде живее неговоата фамилија.
„Берберот“ кој вешто им се криеше на полициските службеници и ги ескивираше нивните обиди да биде откриен и упсен направил грешка по што веднаш падна во „рацете“ на неколкуте стотина луѓе кои беа вклучени во потрагата по осомниот за киднапирање и злоставување на 12 годишната Моника Каримановиќ.
Откако огладнел се вратил во селото по храна, а бил забележан и од негов соселанец и пријавен кај полицијата, кој го пребарала поширокото подрачје и го пронашла бегалецот.