ВМРО ДПМНЕ: Здравството во Македонија е на дното

Машинеријата на СДСМ за продукција на лажните вести е пуштена на најјако, возвраќаат со реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. Факт е дека откако СДСМ дојде на власт, во Македонија ниту се гради, ниту се реализира.Здравството во Македонија е на дното.
Нема ни трага ни глас за клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов. Клинички центар кој благодарение на СДСМ, Заев  и Филипче ќе чини најверојатно 3 пати повеќе од претходно планираното.
Заев и Филипче не направија ништо за подобрување на здравствената заштита на граѓаните и подобрување на здравствените услуги. Но, затоа добро се погрижија за своите приватни бизнис интереси и лично богатење со наместени криминални тендери со милионски суми.
Антиреформската влада ќе падне на 12-ти април затоа што испорачува само криминал и корупција. Обновата на Македонија стартува во април и ќе значи крај на лажните вести.

Треба да знаете
Последни објави