До 18 часот дозволен влез на товарни возила во Грција на премините „Богородица“ и „Стар Дојран“

Денеска во периодот од 12 до 18 часот, според добиените информации од грчките погранични служби, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција, на граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“ е повлечена и сообраќајот се одвива непречено, а повторно ќе биде активна по 18 часот.

Ова не важи за граничниот премин „Меџитлија“, каде забраната за влез на товарни моторни возила во Република Грција преку овој граничен премин е активна во целиот период, информираат од МВР.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

Треба да знаете
Последни објави