Критики од новинарската фела по скандалозниот текст на Героски

По скандалозната најава за нова “бомба” за “рекет” и објавувањето на колумна во која се изнесуваат наводни информации, кои подоцна беа демантирани од Вилма Рускоска, а во кои се вмешуваат блиски соработници и луѓе семејството на премиерот Зоран Заев,  Бранко Героски доби критики од новнинарската фела.

Прв со прашање излезе аналитичарот и новинар Сашо Ордановски:
– Геро, извини, за да нема непотребни недоразбирања, го прочитав написот и би те замолил јавно да соопштиш дали сум јас, Сашо Орданоски, тој „познат новинар“ итн. за кого пишуваш? Поздрав, Сашо, му напиша Ордановски на Героски.

Со реакција се јави и Ацо Кабранов кој по колумната на уредникот на плусинфо му порача: Геровски, многу многу ниско и неколегијално од тебе. (Целата реакција на Ацо Кабранов до Бранко Героски тука)

Со реакција излезе и новинарката Јорданка Ивановска – Јоци:

– Браво, Геро. Оркестрирано си влезе на прв ден техничка Влада со ивони,  ивчеви во егзекуции на колеги, просто волшебно, пишува Ивановска.

И те читаат сеа и те кликаат жутозуби некои таму. Објасни и` на јавноста зошто те немаше 3 месеци, а на прв ден техничка се јавуваш со шпекулации и ред небулозни нешта за кои немаш докази. Објасни и` на јавноста дека тоа више не е никакво истражување, дури ни гонзо новинарство, напротив точно има име и се вика кампања, порача Јоци.

Целиот статус во продолжение:

 

 

 

Веста во саботата утрото ја објавија режимските портали

Лажната вест за некакво сведочење и отворање на душата на Боки 13-ка во кој се обвинуваат премиерот и негови блиски соработници, ја објавија медиуми на режимот, а потоа истата беше искористена за постови, реакции, но и прес конференции на режимската опозиција.

Со жестока реакција се јави и владејачката СДСМ, во која се вели дека за лажните вести следува одговорност.

 

Треба да знаете
Последни објави